По четири кола без освоен бод, конечно малку светлина и за фудбалскиот прволигаш од Кратово. Составот на Љубо Милошевиќ со доста напор, но сосема заслужено славеше со минимални 2-1 над не толку лошиот тим на Тетекс, кој патем речиси еден час играше со играч помалку на теренот. Сега веќе полесно се дише во редовите на Силекс, а за тоа најзаслужен е робусниот напаѓач Ѓорѓи Заревски, кој со два погодоци навести дека се враќа во старата препознатлива форма.
Имаа кратовци убави моменти во првиот дел, посед на топката и многу шанси, од кои за издвојување е приликата која ја пропушти токму Заревски, кога од само неколку метра го погоди надворешниот дел од мрежата. На спротивната страна, Митревски можеше да му донесе почетна предност на својот тим, но неговиот удар со глава заврши неколку сантиметри крај дирекот.
Во вториот дел Силекс тргна силовито кон голот на гостите, а голот стигна по само шест минути игра, кога нововлезениот Васов го погоди во глава Заревски, а овој од пеналтикот ја заби топката во небранетиот дел од мрежата. Во 76-тата минута веќе е 2-0 за кратовци, повторно во режија на Заревски, кој ниско по земја, речиси од мртов агол го совлада Георгиевски.
Малку надеж на гостите им даде пеналот кој го направи Петров по недозволениот старт над Стојковски, по кој голманот Георгиевски прецизно стрелаше од белата точка. Иако останаа уште десеттина минути игра до крајот, сепак тетовци немаа сили да се обидат да нападнат и да стигнат до бод. Како и да е, кратовци со освоените три бода ја скршија психичката бариера. а "штофарите" според прикажаното во првите пет кола гио очекува неизвесна иднина.
Тетекс падна, Силекс ги освои првите бодови, Љубо во транс!!!
Најново
![]() | Денеска | 565 |
![]() | Вчера | 1955 |
![]() | Оваа недела | 11980 |
![]() | Минатата недела | 32439 |
![]() | Овој месец | 85905 |
![]() | Минатиот месец | 847250 |
![]() | Вкупно | 22138204 |