gogo

A+ R A-


Тимовски: Извлековме поуки од минатиот меч, сега Вардар ќе се намачи

altПо само 40 дена, фудбалерите на Силекс и Вардар ќе имаат нова пресметка, и тоа повторно во Кратово. Во првото пролетно коло вардарци се прошетаа и без мака стигнаа до трите бода, откако постигнаа три погодоци по дваесеттина минути. Сега работите стојат поинаку, и на двата тима им гори под нозе, Вардар ја загуби предноста пред Работнички и трите бода му се неопходни за задржување на лидерската позиција. Од друга страна, кратовци со неколкуте порази веќе не се сигурни на петтата позиција која води во плеј-офот, а ако загубат од Вардар и од Хоризонт, лесно може да се најдат во плеј-аут групата, која ќе значи грчевита битка за избегнување на баражот.
-Сите во тимот извлековме поука од претходниот меч со Вардар, кој го загубивме по катастрофални грешки во првите 20 минути. Сега ќе имаме друг пристап, сигурен сум дека на Вардар воопшто нема да му биде лесно да стигне до бодовите. Имаме мотивација да се бориме не за еден, туку за сите три бода - вели младинскиот репрезентативец Ангелче Тимовски.
Судија на утрешниот меч ќе биде прилепчанецот Горан Спиркоски, кој ретко кога си заминал од кратовскиот терен без да биде исвиркан од публиката. Мечот започнува од 16 часот.

Додади коментар


Кодот на сликата Освежи

© 2015 - Аберџија. Сите права се задржани.  Порталот е хостиран и спонзориран од Surfree. Креиран од Мартин Марковски.