gogo

A+ R A-


Тимовски: Ниту Штерјовски нема да ги спаси прилепчани од пораз

altФудбалскиот прволигаш од Кратово минатата недела го доживеа првиот пораз под тренерската палка на Жикица Тасевски. Денес (14 часот) ги очекува поправен испит, во Кратово доаѓа прилепска Победа на која и гори под нозете. Тоа ќе биде дуел на двајца млади и амбициозни тренери, на Жикица Тасевски и Зоран Штерјовски. Кратовци добро се сеќаваат на Штерјовски, кој пред извесен период со успех го предводеше тимот на Силекс. Тој ќе има дополнителен мотив денес да освои бодови од тешко освоивата кратовска тврдина.
„Силекс е квалитетен и искусен состав кој неколку години игра заедно. Сигурно ова е натпревар од големо значење за двете екипи бидејќи тие претендираат за горниот дел на табелата а ние да ги избегнеме последните три места на табелата. Се надевам на успех на овој натпревар. Ние нема да се предадеме. Имаме свои квалитети и секако дека успешно ќе одговориме на овој предизвик. Јас добро ги знам поголемиот дел од играчите на Силекс. Секако и тоа е некоја предност за нас. Силекс под водство на Жикица Тасевски игра навистина цврст фудбал, рамноправен со секој противник. Домашниот терен е мала предност за нив но и ние имаме свои позитивни страни. Ако одиграме максимално концентрирано во текот на сите 90 минути мислам дека ќе извлечеме поволен резултат“ – вели Штерјовски, чиј тим уште синоќа пристигна во Кратово со намера свежи и одморени да излезат на теренот.
фотографија на Аберџија / Aberdzija news portalОд друга страна, и кратовци имаат свои адути во битката за бодови, толку неопходни во битката за четвртата позиција, која веројатно и оваа година ќе води во Европа.
-Победа има тим за респект, тим кој може секого да изненади. Го познаваме одлично и тренерот Штерјовски и неговите методи на работа. Но, тоа нема да ги спаси прилепчани од пораз. Денес публиката ќе присуствува на динамичен меч, со многу борба за секоја педа од теренот. Ние сме благи фаворити, впрочем есеноска ги победивме, а не гледам зошто тоа не би го повториле уште еднаш. Порачувам на секого дека овде, во Кратово, бодови нема за никого - вели бекот Ангелче Тимовски.
Судија на мечот ќе биде струмичанецот Мавров.

Додади коментар


Кодот на сликата Освежи

© 2015 - Аберџија. Сите права се задржани.  Порталот е хостиран и спонзориран од Surfree. Креиран од Мартин Марковски.