Овој викенд (недела, 13 часот) се игра првиот дуел од тројната пресметка меѓу Силекс и Работнички, која ќе се случува во рок од неполн месец. Првата е во рамки на фудбалското првенство, а останатите две се во рамките на националниот Куп. Кратовци се максимално наострени да стасат до трите бода, откако по три месеци, конечно Работнички ги симна од третата позиција по двете врзани победи против Царев Двор.
-Комплиментите одат на сметка на Работнички, но бодовите остануваат во Кратово. Гостите имаат тим за респект, што го докажаа со настапите во Лига Европа. Ние си иамме свој есап, а тој вели дека „романтичарите“ нема што да бараат во Кратово. Веќе бодови нема за распродажба, загубивме неколку бода во последните 3 кола, а ги имавме во рака. Се концентрираме на лигашките настапи, каде сакаме победа за повторно враќање на третата позиција, а за пресметката во Купот подоцна ќе размислуваме - вели повремениот младински репрезентативец Ангелче Тимовски, локомотивата во играта на Силекс.
Мечот во Кратово ќе го суди Димитар Мечкаровски, а зад гол-линијата ќе има дополнителни двајца судии, или вкупно пет.
Тимовски: Работнички нема што да бара во Кратово, се враќаме на третата позиција
Најново
![]() | Денеска | 2088 |
![]() | Вчера | 1955 |
![]() | Оваа недела | 13503 |
![]() | Минатата недела | 32439 |
![]() | Овој месец | 87428 |
![]() | Минатиот месец | 847250 |
![]() | Вкупно | 22139727 |