Денес со почеток од 16.30 часот започнува 34-то коло во првата македонска фудбалска лига. Лидерот Вардар ќе ја пречека Ренова, а втората Шкендија ќе го угости Работнички. Пелистер ќе оди кај Силекс, додека Брегалница ќе му биде гостин на Шкупи. Победа ќе биде домаќин на Македонија. Освен битката за избегнување на баражот меѓу Победа и Шкупи, во првенството се друго е потполно јасно.
Дуелот во Кратово меѓу Силекс и Пелистер требаше да одлучува кој од двата тима ќе оди во Европа, но во меѓувреме, битолчани го освоија Купот и ќе одат на туристичко патување во Кратово, а кратовци ги загубија шансите за евровиза и ќе одиграат за публиката. Бекот на кратовци, Ангелче Тимовски, е свесен за пропуштената шанса, но сепак нагласува дека мотиви за играње има и понатаму.
-Им честитам на битолчани за освоениот Куп-трофеј, мислам дека заслужено стигнаа до него. Нас ни недостига еден бод за сигурен опстанок, барем теоретски, но јас сметам дека до крајот ќе освоиме барем седум. На публиката им ветувам дека денес со Пелистер ќе одиграме еден од најубавите мечеви во оваа сезона, па затоа ја повикувам во поголем број да дојде и да не поддржи, и секако да го поздравиме освојувачот на Купот - вели Тимовски.
Типување на 34-то коло во Супер лигата:
Силекс – Пелистер 3+
Шкупи – Брегалница 1
Победа – Македонија1-1
Шкендија – Работнички Х 1пол.
Вардар – Ренова 2-3 2пол.