gogo

A+ R A-


Тимовски: Вардар е голем клуб, но ќе пробаме да го изненадиме

Утре се игра големото дерби на македонскиот фудбал меѓу Вардар и Силекс, два клуба со многу трофеи во изминативе 26 години. Кратовци гостуваат во Скопје во извонреден момент, на пет дена пред почетокот на Лига Европа и дуелот на Вардар со Зенит. Тоа е добар момент за кратовци, но не мора ништо да значи.
-Се надеваме дека Вардар утре ќе чува дел од силите за мечот во четврток со руски Зенит, кој за нив има многу поголемо значење отколку мечот со Силекс. Тука ја гледам нашата шанса да го изненадиме противникот, иако несомнено се работи за голем клуб, со многу квалитетни играчи кои докажаа дека вредат преку настапите на европската сцена ова лето. Вардар заслужува пофалби за игрите ова лето, но ние ако го дадеме максимумот, тогаш можеме да се надеваме на позитивен исход, вели дефанзивецот Ангелче Тимовски.
Судија на мечот ќе биде Александар Ставрев, а почетокот е закажан за 16 часот.

alt

Додади коментар


Кодот на сликата Освежи

© 2015 - Аберџија. Сите права се задржани.  Порталот е хостиран и спонзориран од Surfree. Креиран од Мартин Марковски.