gogo

A+ R A-


Трајче Сенев на клупата на Силекс, Петровиќ ќе биде координатор

Поранешниот играч на Силекс, штипјанецот Трајче Сенев, од денес ќе седи на клупата на прволигашот Силекс. Ова нема да биде класична тренерска смена, затоа што Сенев нема потребна тренерска лиценца, па затоа Србинот Небојша Петровиќ ќе остане на хартија тренер и координатор во клубот.

-Се одлучивме на овој чекор затоа што работата на Петровиќ не ги даде посакуваните резултати. Тој нема да добие отказ, и натаму останува да помага во работата на клубот, а на клупата ќе седне играчката легенда на Силекс, Трајче Сенев – ни изјави претседателот на клубот Власто Савевски.

alt

Додади коментар


Кодот на сликата Освежи

© 2015 - Аберџија. Сите права се задржани.  Порталот е хостиран и спонзориран од Surfree. Креиран од Мартин Марковски.