Поранешниот тренер на Вардар, Металург и Работнички, Жикица Тасевски, по втор пат стана татко. Неговата сопруга Алма на свет ја донесе Матеа, втората ќерќа во семејството Тасевски. Пресреќниот татко веста за раѓањето на Матеа ја дозна во Пловдив (Бугарија), каде работи како помошник-тренер во Локомотив. Поради номадскиот живот на тренерите, радоста ја сподели со играчите и стручниот штаб на Локо Пловдив.
-Пресреќен сум што сопругата Алма ми роди уште една ќерќа, по Ива која веќе има четири години. Велат дека сите големи тренери имаат по две ќерќи. Малку ми паѓа тешко што не бев во можност да бидам покрај саканите во овие радосни мигови, бидејќи поради професионални обврски сум во Пловдив. Викендов почнува првенството, имаме тешко гостување на ЦСКА во Софија. Секако дека ќе го искористам првиот слободен термин за да допатувам во Скопје за да ја гушнам Матеа. Многу ми значи тоа што сопругата Алма има разбирање за моите професионални обврски далеку од дома – ни кажа Жикица Тасевски. О.Арсовски
Тренерот Жикица Тасевски по вторпат стана татко
Најново
![]() | Денеска | 998 |
![]() | Вчера | 2931 |
![]() | Оваа недела | 8536 |
![]() | Минатата недела | 34620 |
![]() | Овој месец | 34426 |
![]() | Минатиот месец | 133267 |
![]() | Вкупно | 20952435 |