Ристиќ со победнички гол го освои Купот на Узбекистан
пишува - Оливер Арсовски
Македонскиот репрезентативец Стевица Ристиќ со својот клуб Бунјодкор го освои Купот на Узбекистан, а нашиот интернационалец беше стрелец на единствениот гол на натпреварот! Бунјодкор го победи Шуртан минимално со 1-0 во Куп финалето во Узбекистан и дојде до пехарот од ова натпреварување. Најголемите заслуги одат на адреса на нашиот фудбалер, Стевица Ристиќ кој во 63-та минута го постигна победничкиот погодок. Тоа беше неговиот осми погодок во Купот, а вкупно деветнаесетти во оваа сезона. Ова е негова трета титула во кариерата, откако беше првак на Азија со Поханг и освојувач на корејскиот Куп.