По двата пораза од руските второлигаши Оренбург и Луч Енергија, кратовци стигнаа до првиот позитивен исход на подготовките во Анталија. Силекс ремизираше со полскиот прволигаш Арка Гдиња, откако губеше 0-1. Израмнувањето го донесе Глигор Глигоров од пенал во 79-та минута, а во финишот Бујчевски имаше извонредна прилика за целосен пресврт и големо изненадување.
Кратовци ќе имаат два дена за тренинзи, а на 31 јануари имаат закажан меч со белградска Црвена Звезда.

















