gogo

A+ R A-


Тргнаа ваучерите во фудбалот, ФК Силекс доби над 2,5 милиони денари

Конечно, тргна работата околу користење на средствата за даночно ослободување по Законот за данок на добивка, откако по спортските федерации, ваучери почнаа да стигнуваат и до клубовите. Така, Фудбалската Федерација на Македонија официјално ја објави листата на клубови кои ги исполнуваат критереиумите за оваа мерка, ако и висината на ваучерите што ги имаат добиено.

Интересно, највисок ваучер има тимот на Работнички, пред Вардар и актуелниот првак Шкендија. Кратовски Силекс доби ваучер од 2.622.752 денари, или нешто над 40.000 евра.

Агенцијата за млади и спорт додели ваучери на следните фудбалски клубови:

1. ФК РАБОТНИЧКИ АД Скопје, ваучер во висина од 6.705.900.оо денари;
2. ФК ВАРДАР АД Скопје, ваучер во висина од 6.407.860.оо денари;
3. ФК ШКЕНДИЈА АД Тетово, ваучер во висина од 6.348.252.оо денари.
4. ФК ПЕЛИСТЕР АД Битола, ваучер во висина од 5.305.112.оо денари;
5. ФК МАКЕДОНИЈА ЃП АД Скопје, ваучер во висина од 5.066.680.оо денари;
6. ФК АКАДЕМИЈА ПАНДЕВ АД СТРУМИЦА, ваучер во висина од 4.619.620.оо денари;
7. ФК ТЕТЕКС АД Тетово, ваучер во висина од 4.470.600.оо денари;
8. ФК ШКУПИ АД Скопје, ваучер во висина од 4.112.952.оо денари;
9. ФК РЕНОВА АД Тетово, ваучер во висина од 3.963.932.оо денари;
10. ФК ПОБЕДА АД Прилеп, ваучер во висина од 3.516.872.оо денари;
11. ФК БРЕГАЛНИЦА АД Штип, ваучер во висина од 3.427.460.оо денари;
12. ФК ГОСТИВАР АД Гостивар, ваучер во висина од 3.367.852.оо денари;
13. ФК СКОПЈЕ АД Скопје, ваучер во висина од 3.129.420.оо денари;
14. ФК БЕЛАСИЦА АД СТРУМИЦА, ваучер во висина од 2.831.380.оо денари;
15. ФК СИЛЕКС АД КРАТОВО, ваучер во висина од 2.622.752.оо денари;
16. ФК СТРУГА ТРИМ ЛУМ, ваучер во висина од 2.533.340.оо денари;
17. ЖФК ИСТАТОВ, ваучер во висина од 539.580.оо денари;
18. ЖФК ТИВЕРИЈА, ваучер во висина од 533.232.оо денари;
19. ЖФК АС ЈУНАЈТЕД, ваучер во висина од 507.840.оо денари;
20. ЖФК ДРАГОН, ваучер во висина од 507.840.оо денари;
21. ЖФК АТЛЕТИКО БИТОЛА, ваучер во висина од 479.274.оо денари;
22. КМФ ЖЕЛЕЗАРЕЦ, ваучер во висина од 443.700.оо денари;
23. ЖФК ТОП ГОЛ, ваучер во висина од 412.620.оо денари;
24. ЖФК КОЧАНИ, ваучер во висина од 380.880.оо денари;
25. КМФ ЈУВЕНТУС СЕРАВА, ваучер во висина од 284.200.оо денари;
26. ЖФК САСА КАМЕНИЦА, ваучер во висина од 279.812.оо денари;

Фудбалската федерација на Македонија ги известува клубовите на кои им е доделен ваучер од страна на Агенцијата за млади и спорт, дека ваучерот ќе може да го подигнат од 11.06.2019 година во просториите на Фудбалската федерација на Македонија.

Фудбалската федерација на Македонија ги известува клубовите кои имаат аплицирано за ваучер, а истите не се на листата наведена погоре за повеќе информации да се обратат до Агенцијата за млади и спорт.

alt

Додади коментар


Кодот на сликата Освежи

© 2015 - Аберџија. Сите права се задржани.  Порталот е хостиран и спонзориран од Surfree. Креиран од Мартин Марковски.