На 16-ти Мај 2015 год. (сабота) кај Националната Арена „Филип 2-ри Македонски“ во Скопје се одржаа државните спортски игри за основните училишта.
Учество земаа и ученици од нашето ООУ „Кочо Рацин“ Кратово кои се закитија со повеќе освоени медали.
Највисок пласман односно освоено 1 - во (прво) место зеде ученичката Христина Трајковска која на дисциплината 100 метри - жени, беше најбрза помеѓу 17 учеснички со рекордно време од 13,38.
Бојана Димишкова освои 2-ро (второ) место во дисциплина скок во височина, Сандра Ангеловска пак освои 3-то (трето) место во 600 м - жени.
Учесничките на штафета 4 х 100 м Рената Мијалковска, Вукторија Трифуновска, Сандра Ангеловска и Христина Трајковска го освои 2 (второто) место.