Триото фудбалери на Силекс, Иванче Насевски, Благој Гуцев и Немања Иванов, ретко се соединува на теренот, но кога ќе се соединат во ресторан, тука буквално растураат. Едниот на саксофон, другиот мајстор на тарабука, а третиот виртуоз на хармоника. Кога ќе засвират, Јован Јовановски - Окац паѓа во транс, а атмосферата достига кулминација.


















