превземено од www.dnevnik.com.mk
Оптимизам и ведрина владее во тимот на Хоризонт Турново по дознавањето на противникот во првото квалификациско коло на Лига Европа. Литванскиот клуб Судува од Маријамполе е противник по мерка, кој со малку среќа може да се мине, коментираат од таборот на турновци кој се наоѓа во Банско(Бугарија).
-Иако речиси ништо не знаеме за противникот, сепак Судува не доаѓа од кремот на европскиот фудбал, туку од литванското првенство. Секој противник го респектираме, но сметам дека имавме среќа при ждрепката затоа што можевме да добиеме позвучни и поквалитетни противници како Жилина или Актобе. Овие денови ќе дознаеме нешто повеќе за Судува, а мал хендикеп за нас е што противникот е во натпреварувачки ритам. Наше е максимално да се подготвиме, да се засилиме соодветно и да се обидеме да ја прескокнеме првата пречка – вели напаѓачот на турновци Зоран Балдовалиев.
По 17 одиграни кола во литванското првенство, Судува се наоѓа на четвртата позиција со 25 бода, но со речиси никакви шанси за излез во еврокуповите. Минатата сезона ја завршија на третата позиција, а двапати го освојувале литванскиот куп.
Лани во првото квалификациско коло ја елиминирале летонската Даугава, а во второто коло беа декласирани од Војводина. Оливер Арсовски