
На самиот крај на ова фудбалско првенство, речи си извесно е дека Вардар конечно ќе ја врати титулата во своите витрини. Комити денес ќе го „окупираат“ Кратово. По 9 години пауза , најтрофејниот македонски фудбалски клуб, Вардар, денес ќе ја има првата шанса да дојде до посакувана титула во првата македонска фудбалска лига. Доколку црвено-црните ги земат трите бода, тогаш уште денес ќе можат да ја донесат титулата во Скопје.
Ова нека биде повик и за домашните симпатизери во што поголем број да пристигнат на стадионот на Силекс и да создадат амбиент каков ретко се гледа на македонските стадиони.