Актуелниот шампион на Македонија, тимот на Вардар како и минатата сезона така и ова, есенската титула ја прослави по победа над Силекс.
Во единствениот натпревар од колото кој започна од 16:00 часот на Арената Филип Втори, екипата на Вардар на најубав можен начин со висока победа од 5:0 над Силекс ја освои есенската титула.
Творци на ова висока победа беа робусниот напаѓач Јован Костовски кој постигна хет-трик (4, 35 и 60 минута) како и Игор Стојаќовиќ во 57 минута и Драган Горгиев на самиот финиш во 90 минута.
Со денешната победа Вардар со 35 освоени бодово и гол разлика од 34:9 ја освои есенската титула пред Хоризонт Здравје кој се наоѓа на втората позиција со 34 бода и гол разлика 23:13. Силекс по денешниот пораз останува на претпоследната позиција со 15 бодови, но сега зад петици му е последниот Тетекс со 12 бода. На позициите кои водат во баражот се Пелистер со 19 и Ренова со 21 бод.
Потсетување дека ова последно есенско коло не е комплетно, бидејќи натпреварот Напредок-Металург заради снег не се одигра, а дербито Тетекс-Шкендија беше прекинато заради напуштање на теренот од страна на играчите на Шкендија.