gogo

A+ R A-


Вардар - Силекс 2-1, кратовци потклекнаа во последните 15 минути

Екипата на Вардар со тешка мака го совлада Силекс во битката за нови бодови во одбраната на шампионската титула. По првото полувреме, кога обете екипи немаа ниту еден конкретен удар, во вториот дел Вардар создаде неколку убави прилики. Погоди пречка, а Јован Костовски со глава на прва статива биеше крај голот. На спротивната страна Силекс беше ориентиран на брзи противнапади и од една таква акција Никола Ѓорѓиев со одмерен удар од 20-тина метри го совлада домашниот голман Симов. И додека траеше радоста на гостите од Кратово, Вардар изведе акција по десната страна. Следуваше нафрлување на втората статива. Петров ја врати топката до Маневски и овој со одмерен удар успеа да го совлада денеска одличниот Божиновски. Само 7-8 минути подоцна водство на црвено-црните од 2-1. Акцијата ја донесе топката на 20-тина метри од голот на Силекс а Хименез ниско по земја со силен удар го совлада голманот на кратовци за радост на малубројната публика. До крајот Силекс имаше убава шанса да израмни на 2-2 но нафрлената топка беше превисока за Велинов па овој во скокот го префрли голот на Вардар што беше и крај на овој динамичен и неизвесен дуел.

alt

ВАРДАР - СИЛЕКС Арена „Филип Втори". Гледачи: 800. Судија: Фатон Мустафи (Тетово). Помошници: Иса Емурли (Тетово) и Небојша Георгиевски (Тетово).

ВАРДАР: Симов, Илиевски, Бојовиќ, Вајс, Лазаревски, Темелков (49' Ранѓеловиќ), Стјепановиќ, Петров, Хименез (88' Цикарски), Костовски, Стојков (68' Маневски).

СИЛЕКС: Божиновски, Кариќ, Ѓорѓевиќ, Иванов, Митевски (63' Стојановски), Кочоски, Велинов, Марков, Савановиќ, Рајда, Ѓоргиев.

Додади коментар


Кодот на сликата Освежи

© 2015 - Аберџија. Сите права се задржани.  Порталот е хостиран и спонзориран од Surfree. Креиран од Мартин Марковски.