gogo

A+ R A-


ВИДЕО Работнички - Силекс 1-0

Со погодокот на Генц Исени кој редовно постигнува голови против Силекс, екипата на Работнички ги освои драгоцените три бода во борбата за опстанок во прволигашкото друштво. Во просечен меч домаќинот беше за нијанса подобар и заслужено дојде до победата иако гостите од Кратово во вториот дел правеа притисок за израмнување но не створија изгледна шанса.

Први се заканија домаќините во 12 минута кога Ристовски упати удар.

Во 24. Брдаревски одлично нафрли од десната страна највисок во скокот беше Исени и со глава ја смести топката зад грбот на Божиновски.

Во финишот од првиот дел во една мешаница пред домашниот гол топката беше зафатена од повеќе игра и за малку да го изненади Манчевски.

Во вториот дел Силекс ја отвори играта па домаќинот лесно пробиваше по бочните позиции. Брдаревски одлично нафрли од десната страна но Ступиќ пропушти колосална прилика за втор гол за Работничкик. Во 65м Ристовски одлично центрира, влета Исени но го префрли голот. До крајот на средбата се заканија уште и Мијатовиќ и Ступиќ со удари од далечина но без проблеми за Божиновски.

Со идентичен резултат 1-0 славеше и Брегалница во пресметката со Пелистер, благодарение на погодокот на Ристе Наумов од пенал. Претходно и битолчани не успеаја да искористат удар од белата точка преку Димче Ристевски. 

altЕкипата на Хоризонт Турново е новиот лидер на табелата во фудбалскиот шампионат, откако овој состав денеска ја совлада Ренова со 2-0 и го искористи најновиот „кикс“ на шампионот Вардар. Имено, скопските „црвено-црни“ не успеаја да ја оправдат улогата на фаворит на гостувањето против Тетекс, играјќи само 0-0 против „фенерџијата“ на прволигашката табела. Неколку седмици по поразот од Шкендија, стадионот во Тетово уште еднаш се покажа како кобен за „вардарци“, кои што загубија значајни бодови во битката за првото место на табелата. Иако имаа повеќе од играта, создадоа неколку убави шанси, избраниците на тренерот Милевски се соочија со проблем со реализацијата, што беше главна причина за само еден освоен бод на ова навидум лесно гостување. 

 За разлика од „вардарци“, фудбалерите на Турново рутински си ја завршија работата на мечот со Ренова, славејќи со 2-0. Балдовалиев ја најави победата на „турновци“ со гол во финишот од првото полувреме, а конечни 2-0 ги постави Ташев.
 Напредок по серијата од шест победи во низа на домашен терен овојпат се доведе во ситуација да спасува бод на мечот со Дрита (1-1). Гостите долго време имаа позитива, за кичевскиот прволигаш да стигне до бод благодарение на голот на Балажи во последната минута.
 Во дербито на колото Шкендија на гостински терен го совлада Металург со 0-1 со голот од пенал на Ндерим Неџипи. Домаќините имаат за што да жалат бидејќи и самите не реализираа удар од белата точка преку Горан Мазнов, а мора да се напомене дека овој тим го заврши мечот со само девет фудбалери, по исклучувањата на Миле Крстев и на Васко Митрев.
Резултати

 

Брегалница – Пелистер 1-0, Металург – Шкендија 0-1, Напредок – Дрита 1-1, Работнички – Силекс 1-0, Турново – Ренова 2-0, Тетекс – Вардар 0-0.

 Табела: Хоризонт Турново 29, Вардар 28, Шкендија 27, Металург 23, Напредок 23, Брегалница 20, Дрита 20, Работнички 17, Ренова 17, Пелистер 12, Силекс 12, Тетекс 6.

Додади коментар


Кодот на сликата Освежи

© 2015 - Аберџија. Сите права се задржани.  Порталот е хостиран и спонзориран од Surfree. Креиран од Мартин Марковски.