gogo

A+ R A-


ВИДЕО Силекс извлече реми кај фаворитот Металург, кризата е веќе минато

Попладнево се одиграа натпреварите од 12-тото коло во Првата МФЛ.  Силекс освои голем бод на теренот на Металург  во средба што заврши 1-1. Домаќините рано поведоа со голот на Чурлинов во 10 минута, а клучен момент беше исклучувањето на Далчевски во 34 минута, по што кратовци ја презедоа иницијативата. Израмнувањето стигна во 77 минута, кога грешката на одбраната на Металург ја казни Велинов со ефектен еврогол.
 Вардар и Шкендија обезбедија победи за врвот, каде повторно лидер се црвено-црните од Скопје.  Вардар го совлада градскиот ривал Работнички со 3-0, а Шкендија Пелистер со 3-1. Голем кикс направи довчерашниот лидер Хоризонт Турново кој не успеа да победи во дуелот со Тетекс, додека во Штип Брегалница убедливо со 3-0 ја совлада Дрита. Во Кичево Напредок освои нови три бода со победата против  Ренова од 2-0. 
Резултати од 12. коло: Хоризонт Здравје - Тетекс 0:0, Работнички - Вардар 0:2, Напредок - Ренова 2:0, Брегалница - Дрита 3:0, Металург - Силекс 1:1, Шкендија - Пелистер 3:1
ТАБЕЛА
1. Вардар 12 7 3 2 26:9 24
2. Шкендија 12 7 3 2 25:13 24
3. Хоризонт З. 12 6 5 1 15:9 23
4. Напредок 12 7 1 4 15:12 22
5. Металург 12 6 2 4 15:11 20
6. Брегалница 12 5 2 5 13:10 17
7. Дрита 12 4 4 4 15:19 16
8. Работнички 12 4 2 6 18:23 14
9. Ренова 12 4 2 6 13:20 14
10. Пелистер 12 3 3 6 12:17 12
11. Силекс 12 2 3 7 10:18 9
12. Тетекс 12 1 2 9 6:22 5
Следно коло (4 ноември): Вардар - Напредок, Шкендија - Хоризонт З., Пелистер - Металург, Силекс - Брегалница, Дрита - Работнички, Ренова - Тетекс
alt

Додади коментар


Кодот на сликата Освежи

© 2015 - Аберџија. Сите права се задржани.  Порталот е хостиран и спонзориран од Surfree. Креиран од Мартин Марковски.