gogo

A+ R A-


ВИДЕО Силекс несреќно поразен од Шкендија со гол во последните секунди

Иако само секунди ги делеа од бод голем како Шара, сепак, несреќните фудбалери на Силекс не издржаа докрај и со наведнати глави го напуштија стадионот во Тетово. Шкендија со голот на Ертан Демири во 90 минута го победи Силекс и се израмни по бројот на бодови со Вардар, по 21, еден помалку од лидерот Турново. Силекс со овој пораз, прв под тренерската палка на Небојша Петровиќ, остана на 8 бода, четири помалку од Пелсиетр кој се наоѓа во зоната на баражот.

Резултати: Брегалница – Вардар 1-1, Пелистер – Турново 1-1, Металург – Дрита 0-1, Напредок – Тетекс 2-0, Работнички – Ренова 3-0, Шкендија – Силекс 1-0.

На табелата Турново сега има 22 бода, Вардар 21, Шкендија 21, Металург и Напредок по 19, Дрита 16, Ренова 14, Брегалница 14, Работнички 14, Пелистер 12, Силекс 8 и Тетекс 5.

&;feature=plcp

alt

Додади коментар


Кодот на сликата Освежи

© 2015 - Аберџија. Сите права се задржани.  Порталот е хостиран и спонзориран од Surfree. Креиран од Мартин Марковски.