gogo

A+ R A-


ВИДЕО Силекс-Ренова 1-0, Лампевски го одлучи натпреварот

alt

По големо невреме, проследено со силен ветер и дожд, фудбалерите на Силекс ја совладаа Ренова со 1-0 и фатија приклучок во борбата за опстанок.

Триумфот на домаќините го најави Даниел Лампевски со двете шанси во третата и четвртата минута. На двапати биеше од петнаесеттина метри, но беше непрецизен.

На водството на кратовци се чекаше 17 минути. Ѓорѓевиќ нафрли од левата страна, Велинов ја промаши топката, а на втората статива натрча Лампевски и постигна прекрасен погодок.

Нова можност за домажините во 33-тата минута, кога Велинов од само 6-7 метри не успеа да реализира.

Првата закана на гостинскиот тим стигна во 35-тата минута, кога Јанчевски биеше непрецизно по асистенцијата на Мемеди.

Клучен момент на средбата беше 52-та минута и исклучувањето на Јанчевски. Коњарски на центарот од игралиштето го фаулираше Јанчевски, а овој некоректно, при прекин на игра, го турна со двете раце на трева. Судијата Александар Ставрев немаше милост и го испрати во соблекувалните.

Иако со играч помалку, минута подоцна Гафури се закани, но Божиновски одбрани.

Во 62-та минута идеална прилика за гол пропушти Стојанче Насевски, откако Зендели го прочита неговиот удар.

Малку подоцна повторно Гафури се обиде да израмни, но ударот беше премлак.

Ново големо промашување на Насевски бележиме во 73-тата минута.

Последната прилика за гол ја пропушти нововлезениот Тимовски, кој упати вистинска бомба од работ на шеснаесетникот, но Зендели исфрли во корнер.

alt

Додади коментар


Кодот на сликата Освежи

© 2015 - Аберџија. Сите права се задржани.  Порталот е хостиран и спонзориран од Surfree. Креиран од Мартин Марковски.