gogo

A+ R A-


ВИДЕО Силекс вртоглаво тоне, пораз и од „фенерџијата“ Тетекс

alt

Тетекс - Силекс 2-1 (2-0)

Тетекс: Георгиевски, Дробаров, Блажевски, Трајчевски (Билбиловски 55 м), Начевски, Е.Бејтулаи, Секуловски, Ѓуровиќ, Божиновски (М.Јовановски 35 м), Кралевски, Настевски (Урошевиќ 65 м)

Силекс:Д.Божиновски, Атлески (Марков 46 м), Кочоски (Георгиев 46м), Петров, Мишовски (Богдановски), Кариќ, Лампевски, Мијатовиќ, Насевски, Велинов, Ѓорѓиев.

Продолжува лошата серија на Силекс, откако и на гостувањето кај фенерџијата тетекс загубија со 2-1.

Во 11 минута Кралевски центрираше ниско по земја пред голманот Божиновски, од втор план истрча Настевски кој шутираше во мрежата на Силекс за 1-0 .

По изведениот корнер на Настевски, одбрамбениот фудбалер на Тетекс, Влатко Дробаров со прецизен шут со глава од околу 7-8 метри го совлада голаманот на Силекс Даниел Божиновски за 2-0.

Тетекс во второто полиувереме ја имаше најубавата прилика да го постигне третиот пгодок. Во 50-та минута по еден напад на Тетекс, Блажевски влезе во голманскиот простор и кога се обиде да шутира, гостинсиот фудбалер Ѓорѓевиќ играше со рака, и за главниот судија Мечкаровски тоа беше најстрога казана. Во овој момент никој од фудбалерите на Тетекс немаше храброст да шутира, па така на тоа се реши Владимир Секуловски, кои шутираше почетнички високо над голот на Даниел Божиновски .

Во 84-та минута по еден добар центаршут на Марков, Георгиев успе да го совлада голманот Јорде Георгиевски за конечни 2-1.

Додади коментар


Кодот на сликата Освежи

© 2015 - Аберџија. Сите права се задржани.  Порталот е хостиран и спонзориран од Surfree. Креиран од Мартин Марковски.