gogo

A+ R A-


ВИДЕО Во Кратово нема „корзо“, Силекс - Шкупи (Корзо) 2-1

Силекс ја знае волшебната формула за експресно враќање во прволигашкото друштво. Дома три бода, на гости еден. Во тој стил кратовци продолжија и против Корзо, но овојпат беа на големи маки. Домашната публика виде се што може да се види на еден фудбалски натпревар. Три гола, пенал, исклучување, многу искри на теренот, притисок врз судијата и што уште не. Но, да одиме по ред. По почетното испитување на силите и двете полушанси на кратовци, конечно, во 28-та минута беше скршен отпорот на гостите. Насевски нафрли на подалечната статива, таму Мариќ највисоко скокна и асистираше до Мандак, кој со глава од 7-8 метри го совлада Рамадани.

Радоста на кратовци не траеше ни две минути. По еден брз контранапад на гостите, на вистинското место се најде Станковски и од неколку метри го совлада немоќниот Симов.
Можеби мечот ќе имаше сосема поинаков тек на настаните да погодеше Хасан на самиот почеток од вториот дел, но неговиот удар Симов на чудесен начин го одбрани. Казната стигна во 56-тата минута, кога нововлезениот Ѓорѓиев изби сам пред гостинскиот гол, врз него непрописно стартуваше голманот Рамадани и судијата Величков оправдано покажа на белата точка. Сигурен реализатор беше Петров за голема радост на трибините. Две минути подоцна Мариќ го погоди дирекот, одржувајќи ги надежите на гостите дека ќе стигнат до израмнување. Во тие мигови фудбалерите на Корзо извршија притисок, но една непромислена реакција и многу груб старт од зад грб на Муминовиќ врз Велинов ги намали нивните шанси за добар резултат. Арбитарот Величков го упати кон соблекувалната, а нервозниот Муминовиќ првин се расправаше со домашната публика, а потоа обезбедувањето спречи физички контакт со Заревски, кој се загреваше зад голот.

До крајот на мечот кратовци ја „сокрија“ топката и рутински го приведоа мечот во мирна завршница и нови три бода. Сепак, црна дамка на мечот фрли некоректниот однос на гостинскиот тренер Неџат Шабани, кој по последниот судиски свиреж ги загуби нервите и со погрдни зборови се нафрли врз судијата Величков. За среќа, полицијата реагираше брзо и спречи поголем инцидент.    Оливер Арсовски

alt

Team
PlayedWinsDRAWLostGDGoals scoreGoals concededPoints
1 Тетекс 10 7 1 2 14 22 8 22
2 Силекс 10 6 4 0 13 16 3 22
3 Миравци 10 5 4 1 9 15 6 19
4 Дрита 10 4 5 1 6 15 9 17
5 Скопје 10 5 2 3 2 13 11 17
6 Врапчиште 10 5 1 4 3 17 14 16
7 Маџари 9 5 1 3 -1 13 14 16
8 Тиверија 10 4 2 4 -3 15 18 14
9 Победа Ј. 10 3 4 3 1 10 9 13
10 Зајас 10 4 1 5 -1 13 14 13
11 Борец 9 4 0 5 5 18 13 12
12 Корзо 10 4 0 6 3 16 13 12
13 Новаци 2005 10 3 0 7 -11 9 20 9
14 Руфеја 10 2 2 6 -10 6 16 8
15 11 Октомври 10 2 1 7 -13 5 18 7
16 Локомотива 10 0 4 6 -17 5 22 4
19-10-2013
Руфеја 0 : 3 Миравци
Новаци 2005 0 : 2 Зајас
11 Октомври 1 : 0 Локомотива
Силекс 2 : 1 Корзо
Тиверија 1 : 1 Скопје
Тетекс 3 : 1 Победа Ј.
Врапчиште 0 : 1 Дрита
06-10-2013
Тетекс 3 : 0 Руфеја
26-10-2013
Победа Ј. - Руфеја
Дрита - Новаци 2005
Корзо - Тетекс
Скопје - Врапчиште
Борец - Силекс
Локомотива - Тиверија
Зајас - Маџари
Миравци - 11 Октомври

alt



Додади коментар


Кодот на сликата Освежи

© 2015 - Аберџија. Сите права се задржани.  Порталот е хостиран и спонзориран од Surfree. Креиран од Мартин Марковски.