Дербито на втората футсал лига одиграно попладнево во Кратово донесе многу возбудувања, а на крај заврши со поделба на бодовите. Домаќинот КМФ Кратово и лидерот Шкупи одиграа навидум мирољубиви 2-2, во меч во кој севаа искри и имаше неколку дуели кои беа прилично остри, но на крај се се заврши во духот на ферплејот.
Кратовци експресно поведоа по само 40-тина секунди игра, кога Бобан Начковски излезе очи в очи со гостинскиот голман и пласираше во десниот долен агол. Веќе во следната акција, студен туш во градската сала во Кратово. Гостите тргнаа од центар, а Ведат Арслан откосо го изненади голманот Ивановски.
Сепак, во продолжение на мечот кратовци успеаја повторно преку мајсторија на Начковски да стигнат до водство од 2-1 и да заминат со предност на полувреме.
Во вториот дел гледачите во преполната сала видоа далеку подобар фудбал,. но само еден погодок во мрежата на домаќините, и повторно прецизно стрелаше Ведад Арслан. Имаа кратовци дузина шанси да стигнат до трите бода, но Лампевски и Стефанов го погодуваа дирекот, додека на спротивната страна гостите не искористија 3-4 зрели шанси, или подобро кажано, голманот Ивановски правеше чуда на голот на кратовци.
Вистинско дерби, лидерот Шкупи извлече бод во Кратово
Најново
![]() | Денеска | 1332 |
![]() | Вчера | 1955 |
![]() | Оваа недела | 12747 |
![]() | Минатата недела | 32439 |
![]() | Овој месец | 86672 |
![]() | Минатиот месец | 847250 |
![]() | Вкупно | 22138971 |