Гимназијалците шампиони на фудбалската „Домијада“
Младите фудбалери од кратовското средно училиште „Митко Пенџуклиски“ се вратија со освоено прво место од традиционалната „Домијада“, на која учество земаат тимови составени од ученици кои живеат во ученичките домови низ земјава. Ментор на тимот беше професорот Тони Јанев.