Кратово денес слави, бидејќи фудбалерите на Силекс по пауза од една година повторно се враќаат во Првата македонска фудбалска лига. Тие сезонава одиграа маестрално во ВМФЛ – Запад и на две кола до крај успеаја да обезбедата враќање во елитата.
Кратовци денеска го совладаа Тетекс со 2-0, победа која беше доволна за нов прволигашки статус на тимот од Кратово. Стрелци на головите за враќање во ПМФЛ беа Благоја Спиркоски во 71. минута и Антонио Каланоски од пенал во 85. минута.