За фудбалерите на Силекс одмор нема, утре продолжува жестокиот ритам недела - среда, кој на кратовци им донесе дури четири меча во рок од 10 дена. Тимот на Митевски и Здравков гостува на жешкиот терен во Чаир, на оваа година неубедливиот тим на Шкупи. Кратовци по ремито без голови во Битола, посакуваат и на Чаир да останат во најмала рака непоразени, по можност без примен гол.
-Не очекува тежок меч на жежок терен, но се надеваме на позитивен исход. Во дефанзива мораме да одиграме максимално сконцентрирано и борбено, како што одигравме против Пелистер. Тоа ќе значи да ја сочуваме мрежата недопрена на уште еден меч, а ако се укаже прилика, сигурно ќе го нападнеме и домашниот гол и трите бода. Бодовите против Шкупи ни се битни на психолошки план, за кревање на атмосферата пред дуелите со Вардар и Шкендија - ни рече голманот Вујанац, кој на седум меча има примено седум голови, или по еден на секој меч.
Вујанац: Ќе го запреме Шкупи, а ќе ги нападнеме и трите бода
Најново

![]() | Денеска | 70 |
![]() | Вчера | 2629 |
![]() | Оваа недела | 7393 |
![]() | Минатата недела | 20600 |
![]() | Овој месец | 9930 |
![]() | Минатиот месец | 109072 |
![]() | Вкупно | 22412417 |















