Со четвртфиналните реванш дуели од македонскиот Куп, утре се спушта завесата во македонскиот фудбал, барем за оваа календарска година. Најнеизвесниот дуел се игра во Кратово, каде Силекс го пречекува Пелистер со негатива од еден гол од првиот натпревар. Резултатот од првиот дуел, 0-1, е многу незгоден, затоа што кратовци утре не смеат да примат гол, за да не бркаат победа со два разлика. Оптимизам има, затоа што кратовци играат во врвна форма, немаат пораз на послендите осум дуели, а единствениот пораз под палката на Тасевски го доживеаја токму во Битола. Многу нешта ќе зависат од голманот Никола Вујанац, кoј брани во животна форма.
-Мораме да ја повториме борбената игра од дуелот со Вардар, кога сите го дадоа максимумот и одиграа добро. Пелистер одлично го познаваме и го респектираме, и тоа со причина затоа што се при врвот на табелата. Ќе мора да се потрудиме да ја сочуваме нашата мрежа, а да постигнеме барем еден погодок. Нашата шасна за излез во Европа ќе ја побараме и преку Купот, а не само преку првенството. Во клубот владее одлична атмосфера, играме во добра форма и се надеваме дека на најдобар можен начин, со пласман во полуфиналето ќе ставиме точка на првиот дел од сезоната - вели голманот Никола Вујанац, кој е еден од клучните играчи во тимот и плени со сигурноста на голот на Силекс.
Мечот се игра во среда (13 часот), а главен судија ќе биде Јосип Бартон.
Вујанац: Морам да ја сочувам мрежата, ако сакаме да го минеме Пелистер
Најново
![]() | Денеска | 3582 |
![]() | Вчера | 3446 |
![]() | Оваа недела | 3582 |
![]() | Минатата недела | 34620 |
![]() | Овој месец | 29472 |
![]() | Минатиот месец | 133267 |
![]() | Вкупно | 20947481 |