Лошиот влез во мечот ги чинеше кратовци пораз на тешкото гостување во Тетово. Играта во грч во првите триесеттина минути резултираше со два погодока во мрежата на Вујанац, првиот на Јуфо по одбиената топка од голамнот на Силекс, а вториот беше вистинско ремек-дело на Ибраими од 25 метри. Доколку погодеше Танушев во двојната шанса во 37-та минута, можеби Силекс ќе имаше сили за пресврт во вториот дел. Вака, кратовци успеаја да го намалат резултатот преку пенал кој го реализираше Недељковиќ во 84-та минута, откако беше соборен во шеснаесетникот. До крајот остана малку време, недоволно кратовци да креираат сериозна шанса за гол, што значеше минимален пораз.
Задоцнет финиш на Силекс, Шкендија триумфираше со 2-1
Најново
![]() | Денеска | 3907 |
![]() | Вчера | 3446 |
![]() | Оваа недела | 3907 |
![]() | Минатата недела | 34620 |
![]() | Овој месец | 29797 |
![]() | Минатиот месец | 133267 |
![]() | Вкупно | 20947806 |