gogo

A+ R A-


Започна македонската прва фудбалска лига

Дебакл на Силекс во Турново

пишува - Оливер Арсовски

Мало изненадување на стартот од новата сезона направи тимот на Хоризонт од Турново кој славеше против кратовски Силекс со високи 4-0. Домаќините ги расподелија своите погодоци по два во двете полувремиња. Резултатот го отвори Лазаревски уште во 29. минута а само две минути подоцна Бајлозов зголеми на 2-0, резултат со кој се замина на полувреме. Во текот на вториот дел домаќините продолжија со својата напаѓачка игра а резултат на тоа беа уште два погодоци во мрежата на кратовци. Чурлинов во 70. минута зголеми на 3-0 а конечните 4-0 за домаќините ги постави Ковачев во 83. минута. Младиот и неискусен состав на Силекс головите ги прими по големи киксови во одбраната, што се вели без игра, средниот ред неинвентивен, а нападот отсечен, без употребливи топки. во составот на Силекс се најдоа неколку дебитанти, некои од нив со прво искуство во елитната конкуренција.

Во првото коло од Македонската прва лига вардарци на домашен терен беа поразени од тимот на Металург со 2-1, стрелци за гостите беа Крстев во 55. минута и Ѓуриќ во 85. додека пак Нухиу во 57 успеа да го постигне првиот погодок за црвено-црните.Учесникот во Лига Европа натпреварувањето, тимот на Напредок го започна новото првенство во тешка победа против Брегалница. Домаќините успеаа да слават со погодокот на Марковски на три минути пред крајот и со тоа да впишат 3 поени во своето салдо.
Натпреварите на нашите двајца преостанати тимови во Лига Европа натпреварувањето, Работнички и Тетекс се закажани за денес, односно утре. Работнички му гостува на Скопје додека тимот на Тетекс ќе го одигра вечното градско дерби против Шкендија во текот на утрешниот ден.

Шампионот Ренова кој неславно го заврши натпреварувањето во Лигата на Шампионите започна со победа во првото коло против тимот на Пелистер од 2-0. Стрелци на погодоците за домаќините беа Гафури во 18. минута и Јанчевски во 50. минута.

Додади коментар


Кодот на сликата Освежи

© 2015 - Аберџија. Сите права се задржани.  Порталот е хостиран и спонзориран од Surfree. Креиран од Мартин Марковски.