Силекс тргна со победа и реми
Фудбалскиот клуб Силекс ги одигра првите две контролни средби зимава, и забележа победа и реми. Првин на теренот во Ранковце беше совладан тимот на Осогово Кочани со 2-0 (стрелци С.Насевски и Митевски), а во четвртокот одигра нерешено 1-1 на гостувањето кај прволигашот Скопје (стрелец И.Насевски). Доколку биде убаво времето, и в недела е планирана контролка со Цементарница во Скопје, а потоа се заминува на подготовки во Охрид.
Засега нови имиња во клубот се Србите Николиќ и Стојановиќ (играчи за врска), а пред потпис е стоперот Ненад Коковиќ.