Деновиве во спортската сала во Кратово заврши класниот турнир во футсал во машка конкуренција, на кој учество земаа девет екипи – класови. Организаторот „Училишен спортски клуб“ со професорите Анита Марковска – Јанева и Марјанчо Јаневски обезбеди преоден пехар за победникот и дипломи за најдобрите.
Во финалето на турнирот III 3 го победи IV 3 и се закити со трофејот, а во малото финале, IV 1го победи IV 2.
За најдобар голман на турнирот беше прогласен Зоран Јакимовски, а за најдобар голгетер со 15 гола Мартин Трајчев. Најдобри играчи на турнирот беа Ненад Нешовски и Дејвид Тодоровски.



















