gogo

A+ R A-


Заврши серијата на Силекс, минимален пораз на „Чаир“

altВо шампионат на Македонија, попладнево во тешки услови за фудбал се одиграа четири средби од 22-то коло. Во дербито на скопски  „Чаир“, Шкупи го совлада Силекс со 1-0. Голот вреден три бода со кои чаирчани се пробија до третото место на табелата  го постигна Филип Петковски на стартот од второто полувреме.

На другите средби, фаворитите не дозволија изненадувања. Лидерот Вардар победи на гостувањето во Охрид кај Младост Царев Двор со 3-0, Шкендија беше поубедлива против Металург со 4-0 на стадионот во Маџари. Брегалница  со 2-0 го совлада составот на Хоризонт Турново. Вчера, во првиот меч од 22.коло Работнички и Ренова одиграа без голови. 

ТАБЕЛА

1. Вардар 22 17 4 1 52:10 55
2. Шкендија 22 15 5 2 51:17 50
3. Шкупи 22 8 10 4 24:18 34
4. Силекс 22 9 6 7 26:25 33
5. Работнички 22 7 11 4 29:22 32
6. Брегалница 22 6 5 11 25:36 23
7. Ренова 22 5 7 10 22:32 22
8. Хоризонт Т. 22 4 9 9 25:38 21
9. Младост Ц.Д. 22 5 1 16 17:51 16
10. Металург 22 3 4 15 15:37 13

Идно коло: Ренова - Брегалница, Хоризонт Турново - Младост Царев двор, Шкендија - Шкупи, Вардар - Металург, Силекс - Работнички.

Додади коментар


Кодот на сликата Освежи

© 2015 - Аберџија. Сите права се задржани.  Порталот е хостиран и спонзориран од Surfree. Креиран од Мартин Марковски.