Одморот заврши, од вчера и новиот прволигаш Силекс ги започна подготовките за новата сезона. По дебитантската сезона во второлигашката конкуренција, кратовци планираат квалитетни летни подготовки и солидна селекција на засилувања во сите линии на тимот. На првиот тренинг присуствуваше и новиот тренерски тандем, Гордан Здравков и Зоран Штерјовски, спој на искуство и младост кој треба Силекс да го врати повторно на врвот.
-Прозивката ја искористивме за запознавање со играчите на Силекс, но и за да ги видиме квалитетите на потенцијалните засилувања. Повеќе играчи се дојдени на проба, дел од нив се играчи од Србија. Наскоро ќе одлучиме кои играчи ќе останат во Кратово – вели тренерот Штерјовски.
Кратовци уште петнаесеттина дена остануваат да ги реализираат подготовките на својот стадион, а потоа првичниот план да се преселат во Банско (Бугарија). (О.А.)
Здравков и Штерјовски ќе го враќаат стариот сјај на Силекс
Најново
![]() | Денеска | 17516 |
![]() | Вчера | 29268 |
![]() | Оваа недела | 208945 |
![]() | Минатата недела | 182146 |
![]() | Овој месец | 706872 |
![]() | Минатиот месец | 151113 |
![]() | Вкупно | 21911921 |