
Силекс донесе ново име и во нападот. Станува збор за Стефан Ѓуриќ кој што потпиша договор со кратовскиот тим, 24-годишен шпиц кој што играл во Спартак Трнава и во Слобода Ужице. Доаѓа на местото на Марко Рајковиќ кој е пред потпис со Академија Пандев.
Покрај што го ангажираа Жеравица и Ѓуриќ, од таборот на Силекс ги продолжија договорите со Дејан Благојевиќ и голманот Андреја Ефремов, а големо засилување ќе биде и повратникот Ангелче Тимовски.