По една од најуспешните сезони во историјата на клубот, Момчило Митевски ја напушти тренерската позиција во Силекс. Од денес нов стратег на фудбалскиот прволигаш од Кратово е Жикица Тасевски, кој денес ќе ја има првата средба со фудбалерите. Тој се враќа во македонското првенство по ангажманот во кинескиот второлигаш Хунан.
-На Жикица Тасевски му посакувам успеси во новиот клуб и да продолжи по патот што го зацртавме. Како тренер што го врати Силекс на европската фудбалска сцена по пауза од десет години, морам да им се заблагодарам на моите играчи, но и на раководството на Силекс што ми овозможи добри услови за работа и комплетна поддршка. Сезонава ја почнавме малку полошо од лани, но убеден сум дека Тасевски ќе ја консолидира екипата и ќе ја врати на победничките патеки – ни рече довчерашниот тренер Момчило Митевски.
Тасевски во досегашната кариера работел во бугарскиот Локомотив Пловдив и македонските клубови Вардар, Металург и Работнички.ÂÂ ÂÂ О.А.
Жикица Тасевски седна на клупата на Силекс
Најново
![]() | Денеска | 3426 |
![]() | Вчера | 3446 |
![]() | Оваа недела | 3426 |
![]() | Минатата недела | 34620 |
![]() | Овој месец | 29316 |
![]() | Минатиот месец | 133267 |
![]() | Вкупно | 20947325 |