gogo

A+ R A-


Жуниор се ожени, па ќе прави рекорден трансфер во Шкендија

altНајскапиот фудбалер во македонското фудбалско првенство, Бразилецот Стенио Жуниор, викендов потпиша еден договор, а голема е веројатноста во следните денови да потпише уште еден. Првиот би требало да биде доживотен, затоа што фудбалерот на Пелистер викендов се ожени со својата сонародничка Луана Виеира, а вториот би можел да го добие епитетот “договор на годината“, затоа што Жуниор е на чекор до потпис со Шкендија.
Паузата во македонското првенство Жуниор ја искористи за да скокне до родната Форталеца за да ја круниса врската со преубавата Луана,
altсо која се забавува уште од времето кога настапуваше за клубот Хоризонте. По Божиќните празници Бразилецот се враќа во Битола, но голема е веројатноста да направи трансфер во Шкендија, која зимава нема да жали пари за да го доведе најдоброто на пазарот за да излезе од агонијата во која се наоѓа. Се шпекулира дека вредноста на трансферот би била околу 100.000 евра, што би бил рекорден трансфер во мак-фудбалот, иако од него најмногу би се офајдил бугарскиот прволигаш Литекс, чија сопственост е Жуниор.    Оливер Арсовски  www.vest.mk


Додади коментар


Кодот на сликата Освежи

© 2015 - Аберџија. Сите права се задржани.  Порталот е хостиран и спонзориран од Surfree. Креиран од Мартин Марковски.