уредник - Оливер Арсовски
„АБЕРЏИЈА“ - порталот за Кратово продол
жува да расте и слободно можам да заклучам дека веќе влезе во секој дом во нашиот град. Проектот започна „срамежливо“ пред околу 3 години, кога излезе првиот број на весникот во печатена форма. Откако наиде на добар фидбек кај публиката, пред две години, на 17 јануари 2010 весникот доби и електронска верзија. За оваа трансформација најзаслужен е младиот веб-дизајнер Мартин Марковски, кој ја изработи досегашната верзија на интернет порталот. Како што интернетот влегуваше полека во секој дом во нашата општина, така и посетеноста на порталот полека раснеше. На почетокот по педесеттина посети дневно, по неколку месеци скокна на просечни стотина посети, за да во последните 3-4 месеци просечната дневна посетеност да достигне 600 отварања. Пред десеттина дена порталот ја мина и магичната бројка од 100.000 посети, бројка што дефинитивно е за респект, и тука некаде беше јасно дека порталот дефинитивно си ја обезбеди својата иднина.
Од тие причини, заедно со веб-дизајнерот Мато седнавме и го облековме порталот во ново руво. Редизајнираниот „Аберџија“ дефинитивно изгледа модерно, естетски привлечен, со подобрени технички можности. Веќе секој читател ќе може на лесен и едноставен начин да остави коментар, на уште полесен начин ќе може текстот кој му се допаѓа да го сподели на Facebook или Twiter. И отсега покрај на старата веб-адреса www.aberdzija.info, ќе можете да го читате и на новата www.aberdzija.com.
Отсега па натаму очекувајте збогатени содржини во повеќе рубрики, разновидни видеа поврзани со животот во нашата општина... Се надевам дека порталот ќе биде корисен информатор за сите што ќе посакаат да направат туристичка тура во нашиот град... На порталот ќе има и линкови до институции во нашиот град, мапа на градот... И секако, на крајот ги охрабрувам младите новинари во С.О.У. Митко Пенџуклиски да бидат уште поактивни и со своите идеи и статии ја збогатат содржината на порталот.
Поздрав и се читаме...
Искрено Ваш,
Оливер Арсовски

Коментари
0 E da BEEEE 2012-10-06 16:11 #1
RSS feed for comments to this post