Место на кое навистина ќе ја почувствуваме природата, каде што ќе го најдеме спокојството и мирот, место на кое навистина можеме да уживаме во преубавите глетки кои ни ги нуди. Токмутакво место се прекрасните Бабакарини водопади, за кои веруваме малкумина од нас знаат и дека постојат. По направената анкета на прашањето : Дали знаете дека во Кратово постојат водопади?, малкумина кратовци одговорија потврдно, додека поголемиот број одговори беа негативни, односно поголемиот дел од населението од Кратово не е информирано за водопадите, кои патем не се некаде далеку во планините, туку на само 5-10 минути одење од вашиот дом.
Инспирирани од нивната убавина, екипата на АБЕРЏИЈА тргна да ги истражи и во полн сјај да и ги презентира на кратовската јавност. Од повеќето водопади кои ги откривме на територијата на нашата Општина, во првиот број ќе ви ги презентираме убавините на водопадите на Бабакарина река. Кога би имало организиран пристап до нив, но и нивна промоција, веруваме дека би претставувале вистинска атракција за домашните и за странските туристи и би станале привлечно место за посета.
Наковска Ивана, Мартин Мицев, Адријана Стоилковска