gogo

A+ R A-


Бугарски туроператори и новинари се запознаа со потенцијалите на Кратово и Пробиштип -ВИДЕО

Дваесеттина туроператори, хотелиери и новинари од Бугарија имаа можност да се запознаат со туристичките потенцијали на општините Кратово и Пробиштип. Како дел од проектот „Традикос“, гостите се запознаа со убавините на Лесновскиот манастир, каде приказната им ја раскажа игуменот Дамаскин. Голем интерес предизвика грнчарската работилница на семејството Арсовски од Злетово, кое цел еден век се занимава со овој занает.

-Проектот се реализира со финансиска помош на програмата за прекугранична соработка меѓу Бугарија и Македонија и се нарекува „Традиционалните знаења за одржливост“. Проектот трае една година и е во завршна фаза – истакна координаторот Хулиан Магардич.

Вториот дел од посетата гостите од Бугарија го искористија за разгледување на Кратово, градот наречен музеј под отворено небо. Беа пречекани на традиционален начин,  со звуците на стара кратовска гајда.

Гостите беа импресионирани од традиционалниот начин на подготовка на к’цана сол, а уште повеќе од нејзиниот специфичен вкус. Си заминаа задоволни од виденото, со ветување дека туристичката размена меѓу Бугарија и Македонија во иднина ќе биде уште поголема.  Оливер Арсовски

alt

 

Додади коментар


Кодот на сликата Освежи

© 2015 - Аберџија. Сите права се задржани.  Порталот е хостиран и спонзориран од Surfree. Креиран од Мартин Марковски.