gogo

A+ R A-


Големо признание за ентузијастот од Кратово

Стевче Доневски номиниран за „најдобар промотор на Македонија“

Годишната награда за најдобар промотор на Македонија е едноставна замисла да им се оддаде признание на луѓето кои Македонија ја носат во своите срца и им пренесуваат на другите да се вљубат во Македонија.

Наградата е воведена со цел да се препознаат постигнувањата на извонредните луѓе од различни професии, од целиот свет, кои имаат една заедничка цел: промоција на Македонија. Номинирани може да бидат поединци (или група на луѓе) кои во 2010 година активно ја промовирале Република Македонија и државните интереси, без разлика на националноста, доменот на активност, полето и формата на промотивните активности. На пример: туризам, културни активности, социјални, економски, политички и др. Победникот ќе добие почесна награда: специјален медал и титула “Најдобар промотор на Македонија”.

ЛИСТА НА НОМИНИРАНИ

1.Стевче ДОНЕВСКИ

Стевче ДОНЕВСКИ е номиниран за наградата Најдобар промотор на Македонија. Стевче е човек за се. Тој на секој турист или гостин кој пристигнува во Кратово му обезбедува кралски пречек. Не пропушта шанса да го промовира својот роден град и Македонија – онлајн или во живо- дома или во странство. Последно, но не и најмалку важно, се труди колку што е можно да се зачуваат за идните генерации старите кули и мостови во Кратово, куќи и борови дрва.

2.Б.А.Л. Tим – “Студио за модерни танци – Break a Leg / Скрши нога”

Б.А.Л. Tимот е номиниран за наградата Најдобар промотор на Македонија. Околу 200 луѓе од различна возраст се дел од Б.А.Л. Tимот  – “Студио за модерни танци – Скрши нога”. Тие победиле на повеќе натпреварувања за модерни танци во регионот. За време на Светското првенство во Хип Хоп 2010 во Бохум, Германија – одржано под покровителство на Меѓународната танцова организација – го освоија престижното 5-то место. Македонските насмевки што ги делат со луѓето од целиот свет се непроценливо богатство!

3.Горан АТАНAСОВСКИ

Горан АТАНAСОВСКИ е номиниран за наградата Најдобар промотор на Македонија. Проектот Travel2Macedonia,  Горан Атанасовски го започна пред две години. Веб страницата нуди одлични и софистицирани информации за туристите, а се претставени и различни аспекти на Македонија. Стана меѓународно познато име и претставува комплексна, интересна и искрена промоција на земјата.

4.Виктор ФРИДМАН

Проф. Виктор ФРИДМАН е номиниран за наградата Најдобар промотор на Македонија. Од страна гледано се чини, професорот Виктор Фридман, како да се занимава со зборови. Тој е водечки авторитет во светот кога се однесува за балканските јазици, со повеќе од 30 годишно искуство, наградуван со многу престижни награди и титули. Тој е почесен член на Македонската академија на науки и уметности. За Македонците кои живеат во земјата и странство дејноста на професор Фридман е од посебно значење бидејќи е поврзана со македонскиот јазик и националниот идентитет. Секако, она што професорот Фридман го прави за промоција на македонското културно наследство е многу повеќе од зборови!

5.Филип ГОРШЕВСКИ

Филип ЃОРШЕВСКИ е млад македонски ентузијаст, доктор по медицина кој ја сака својата земја и тоа го изразува на свој начин. Тој го носи македонското знаме на планинските врвови, истовремено покажувајќи му ги на светот неговите серијали на вечна култура и убавина. Неговите црно бели слики се чисти, едноставни и освежувачки манифестации на македонската слобода и безгрижност во постоењето. 10-те приказни преку слика имаат вистинска македонска душа и зрачат со индивидуалност. Тие станаа култ за многу луѓе на интернет, Кои побрзаа да ги видат неговите слики на Фејсбук кои ги откриваат македонските скриени места.

6.Гордана ЈАНАКИЕСКА

Гордана ЈАНАКИЕСКА е номинирана за наградата Најдобар промотор на Македонија. Гордана Јанакиевска е автор и творец на неколку онлајн проекти, во кои успеа да собере извонредна мрежа на Пријатели на Македонија, се разбира вклучувајќи го и Крале Марко. Никогаш не пропушта било какви добри вести за Македонија и секогаш се труди сите на светот да дознаат за седумте македонски чуда. Всушност промотивните активности на Гордана сами по себе можат да бидат осмото македонско чудо.

7.Зоја НАСКОВА

Зоја НАСКОВА е номинирана за наградата Најдобар промотор на Македонија. Проектот “Love Macedonia educational tours” направен од Зоја Наскова им овозможува на тинејџерите да искусат и да се нурнат во Македонското наследство и култура, но исто така им помага и на непривилегираните деца. Промотивните активности на Зоја можат да бидат дефинирани како ултра модерни и ренесансни во исто време; нејзините фотографии ја разубавуваат светски познатата изложба во Брисел, нејзините дневни интернет постови ги просветлува луѓето насекаде во светот за Македонија.

8.Благој НАЦОСКИ

Благој НАЦОСКИ е номиниран за наградата Најдобар промотор на Македонија.
Фантастичните изведби на Благој Нацоски, светски познатиот тенор од Македонија, ја воодушевуваат публиката од Токио до Варшава, од Барселона до Салзбург, од Скопје до...концертните сали, оперски куќи и музички студија за снимање насекаде во светот. Секој пат луѓето аплаудираат на талентот на Благој Нацоски, неговата уметност и музичка страст, а со тоа важен факт се потврдува уште еднаш. Македонија е земја каде ѕвездите се раѓаат.

9.Васко МАРКОСКИ

Васко МАРКОСКИ е номиниран за наградата Најдобар промотор на Македонија.  “Free Time Guide MACEDONIA” е неговото првенче и еден од најуспешните промотивни материјали за Македонија. Не се работи само за сеопфатност на факти и корисни информации. Не е важно дали ќе ја допрете хартиената верзија или ќе ја видите насловната страна онлајн. Се за Македонија! Васко ја промовира Македонија од срце и веројатно затоа неговите активности се толку фалени дома и надвор.

10.Фабијан ВЕНДРИГ

Фабијан ВЕНДРИГ е номиниран за наградата Најдобар промотор на Македонија. Првата посета на Фабијан Вендриг во Македонија беше во 2004 година. “Ова беше точка од која нема враќање, бидејќи почувствував дека веднаш се вљубив во оваа мала земја и во нејзините пријателски расположени луѓе” – признава тој. Тој води убава веб страница која е и една од најсеопфатните блогови за македонски и балкански прашања. Најверојатно нема друг граѓанин на ЕУ кој толку страсно и толку често брани различни македонски интереси. Тој лично донесе знаме на ЕУ на врвот на Кораб.

11.Тим “Чудесна Македонија”

Тимот “Мојата чудесна земја Македонија” е номиниран за наградата Најдобар промотор на Македонија.

Еден од најуспешните македонски профили на Фејсбук е „Мојата чудесна земја Македонија“. Уникатен е бидејќи не само што ги покажува најпознатите и најпопуларните места, туку  покажува и визии и приказни за малите нешта. Невозможно е тоа да се опише. Не се потребни зборови. Сликите за чудесните и неверојатни убавини на Македонија кажуваат се.Чудесна Македонија TИМ

12.Весна ПАЛМЕР

Весна Палмер е номинирана за наградата Најдобар Промотор на Македонија. Една од амбасадите на добра волја на Република Македонија се наоѓа во Стимбоут Спрингс, Колорадо. Весна Палмер нема време за дипломатски протокол. Македонската мисија за хуманост и различните настани кои ја промовираат Македонија се многу поважни за неа. Сепак, таа наоѓа време за тивко убедување: Вашиот 1 долар може да донесе медицинска опрема во Македонија!

13.Мето KOЛOCKИ

Мето Колоски е номиниран за наградата Најдобар промотор на Македонија. Мето Колоски, претседателот на Обединета Македонска Дијаспора е човек со насмевка. Но тој е и силен, еден од најпознатите и страсни промотори на македонските интереси. Ако го наречеме Мето икона аниматор на Македонската дијаспора сигурно ќе направиме нервозни многу убави девојки. Икона? Тој е премногу млад! Но претседателите, амбасадорите, сенаторите, конгресмените, лобистите и илјадниците луѓе кои мислат на Македонија и ја поддржуваат националната кауза имаат различно мислење.

14.Никола ЃУРЃАЈ

Никола Ѓурѓај е номиниран за наградата Најдобар промотор на Македонија. Како Претседател на Македонското Друштво ‘’Илинден’’ од Tирана,  тој е “градител на мост”, работејќи секој ден за да осигура дека парадоксот “толку блиску, а сепак далеку” исчезне за Македонците во Албанија. Зближување на младите, независно од нивната национална, верска или социјална припадност,  е една од придонесите на Никола за посветла Европска иднина.

Според организаторите ова не е конечната листа на номинирани. Горенаведената листа на номинирани беше надополнета на 21 ноември. Номинациите и гласањето продолжуваат од 15 ноември до 15 јануари. Новите имиња на квалификуваните кандидати, предложени во согласност со правила за избор, ќе бидат додадени во анкетата на Фејсбук не подоцна од 48 часа по номинирањето. Номинациите можат да бидат направени само по добивање на согласност од кандидатот што е обврска на оние кои го номинираат кандидатот. Секој може да предложи, поддржи и лобира за омилениот кандидат на специјалната анкета постирана на следниот линк www.facebook.com/Macedonia.BestPromoterAward. Официјалните правила за наградата се објавени на веб - страницата www.macedonialovesyou.com.

Додади коментар


Кодот на сликата Освежи

© 2015 - Аберџија. Сите права се задржани.  Порталот е хостиран и спонзориран од Surfree. Креиран од Мартин Марковски.