„Вулкански бомби“ во владин спот за развој на туризмот
пишува - Оливер Арсовски
Геолошкиот резерват „Вулкански бомби“ лоциран во атарот на селото Горно Кратово деновиве беше промовиран во туристички спот кој интензивно се врти по ТВ станиците. Заслугите за овој спот се на туристичкиот промотор на Кратово, Стевче Доневски, кој преку маркетинг-агенцијата New moment издејствува овој наш сеуште непознат резерват да стане туристичка атракција. Ефектите од овој спот би требало да ги почувствуваме за кусо време, а во завршна фаза е уште еден спот за градот во кој се прикажани кулите, мостовите, црквите и старите борови...