Кули, мостови, борови... лепче Пета со к'цана сол!!!
пишува - Оливер Арсовски
Оригиналниот и неповторлив актер Владо Јовановски, македонската варијанта на Индијана Џонс, направи одлична презентација на убавините на наше Кратово во видео-спотот спонзориран од државата. Во триминутниот клип се спакувани многу привлечни туристички приказни, раскажани од устата на „Трендафил Каранфилов“ од БАЛ-КАН-КАН, иако впечаток е дека убавините на Кратово не може да се спакуваат во куси 3 минути... Ако за кулите, мостовите, боровите речиси нема човек во Македонија кој не слушнал, тогаш новитет е специфичното кратовско лепче ПЕТА со к'цана сол направена од десеттина состојки. Токму со овој специјалитет од нашиот крај се претстави туристичкиот промотор на Кратово, Стевче Донев, на неодамнешниот Саем за храна во Софија.