gogo

A+ R A-


„Корендон“: Хотел „Силекс“ со најдобра услуга, „Десарет“ со најдобри цени

Туроператорот „Корендон“ додели шест високи признанија на шест хотели на охридската ревиера, за нивната работа и постигнати резултати во 2014 година. Тие признанија се со цел  да се зголеми инвентивноста и професионалноста во хотелската дејност. Тоа е традиционална практика на „Корендон“, туроператорот, кој последните неколку години, во континуитет носи холандски и белгиски туристи во Охрид и Струга. 

http://q-ec.bstatic.com/images/hotel/840x460/238/23850126.jpgНа листата најдобри се најдоа три охридски и 3 струшки хотели. За најдобра услуга признание е доделено на хотелот „Силекс“ , од Охрид. Хотелот „Макпетрол“, од Струга од „Корендон“ доби признание за храна за 2014 год, додека пак хотелот Десарет признание доби за Цена и квалитет. Во категоријата Соби за 2014, признание доби хотел „Дрим од Струга, додека пак струшкиот хотел „Изгрев-Спа и Аквапарк“, добил признание кое се однесува на добри услови за престој и забава на деца. Хотел „Метропол“, ја понесе Специјалната награда за 2014, кое се доделува врз основа на севкупниот квалитет и популарност на сместувачките капацитети.

Инаку тур операторот „Корендон“ доделил и 149 награди на хотелски капацитети во различни туристички дестинации во Светот.

Додади коментар


Кодот на сликата Освежи

© 2015 - Аберџија. Сите права се задржани.  Порталот е хостиран и спонзориран од Surfree. Креиран од Мартин Марковски.