gogo

A+ R A-


Кратово сака да стане транзитна станица за српските туристи на пат кон Грција

Србите кои патуваат до Грција да одморат во Кратово и притоа да ги видат убавините на градот. Ова е целта на промо турата што ја направија над 70 туристички работници од 40 српски агенции. Добар дел од нив покажаа интерес и за дводневни програми во Кратово, престојуваќи во хотел „Кратис“ за да ја разгледаат понудата на североисточна Македонија. 

„Патниците кои патуваат до Грција да одморат на викенд или неколку денови во ова убаво место бидејќи се наоѓа на идеална локација за патници кои одат во Грција. Луѓе кои доаѓаат од Војводина или северно од Белград, идеално би им било да преноќат еднаш овде и да пронајдат време да разгледаат вакво убаво место и да почувствуваат гостопримство како што ние почувствуваме синоќа.“, изјави Милан Вуксановиќ, главен туроператор на турата.

Синоќа беше организирана македонска вечера, а денеска се презентираа културно-историските знаменитости на градот. Туристите ќе можат да го посетат манастири, винарии, камените кукли... Гостите, пак, се воодушевени од природата, но и кратовските градби.

„Голем број мостови, оваа преубава градба, Саат кулата, реката со овие кањони, го прават ова место многу убаво, оставаат голем впечаток, особено што овие мостови потсетуваат на некои типови средновековни италијански градови кои наликуваат на Кратово.“, истакна Милан Вуксановиќ, главен туроператор на турата.

alt

Додади коментар


Кодот на сликата Освежи

© 2015 - Аберџија. Сите права се задржани.  Порталот е хостиран и спонзориран од Surfree. Креиран од Мартин Марковски.