Туристичката атракција „Камени кукли“ во кратовското село Куклица, која досега привлекуваше голем број туристи од земјава и странство, доби конкуренција. Природните раритети познати како „Скаменети сватови“ кај делчевското село Нов Истевник се подготвени за прием на туристи. По извршениот надзор во врска со градежните работи за уредување на локалитетот, претставници на Агенцијата за промоција и поддршка на туризмот проектот за уредување и означување на туристички локалитет (природна реткост) Истевнички Кукуље го окарактеризираа како успешен.
Проектот го реализира Агенцијата за промоција и поддршка на туризмот во партнерство со Општина Делчево. Согласно проектот поставени се четири маси со осум вградени клупи, фото летниковец со маса и клупи, пет канти за отпад и информативна табла.