gogo

A+ R A-


„Лонли Планет“ ја препорачува Македонија во топ 10 дестинации за 2014, во понудата и Кратово

alt

Македонија е меѓу десетте врвни светски дестинациии кои треба да се посетат во 2014 година, препорачува најголемиот туристички печатен водич „Лонли планет“ во своето специјално издание „Lonely Planet's Best in Travel 2014 - top 10 countries“.

Македонија во водичот се опишува како „Враќање во иднината, балкански стил“ и се препорачува покрај главниот град Скопје и Охридското Езеро, да се посетат и ски центарот Маврово, античко Стоби, тивкото Берово, стариот град Кратово со мостови од отоманското време и Тиквешкиот регион со квалитетните винарии.

За македонскиот главен град се вели дека токму во 2014 година треба да заврши „владиното сакано или оспорувано реновирање“. Скопје во овој период, се додава, стана најпосетувана дестинација во Македонија. Нуди добри нови хостели, винарии и бистроа, како и најдобра клубска сцена во Југоисточна Европа.

Како врвна дестинација која треба да се посети во наредната година се препорачува Бразил, по што следат Антарктик, Шкотска, Шведска, Малави, Мексико, Сејшелските Острови, Белгија, Македонија и Малезија.

http://www.lonelyplanet.com/travel-tips-and-articles/lonely-planets-best-in-travel-2014-top-10-countries?fb_action_ids=10200957589124043&

Додади коментар


Кодот на сликата Освежи

© 2015 - Аберџија. Сите права се задржани.  Порталот е хостиран и спонзориран од Surfree. Креиран од Мартин Марковски.