gogo

A+ R A-


„Осогово - и лично и различно“

altОнака како што организаторите ја замислија првата средба „Осогово и лично и различно“ во целост беше реализирана. По сончево и мошне пријатно време за овој период од годината во организација на здруженијата на граѓани од Кочани и Пробиштип а во координација на МЕД (Македонско Еколошко Друштво) се одржа првата средба „Осогово и лично и различно“.
Целта на оваа средба како што истакнаа организаторите беше да се промовираат сите можности на „Осоговските Планини“, почнувајќи од планинарење, преку велосипедизам, до културно богатство и производство на здрава храна. А за да биде се различно беше одбран токму месец Октомври, кога на Осогово има помалку посетители, а сепак има што да се види. Секој од учесниците на свој начин сакаше да го претстави Осогово. Планинарите поминаа 13 км. од Гратче, преку Јастребник до Пониква, велосипедистите 35 км. Кочани-Пониква-Јастребник-Гратче-Кочани, а сите други со организиран превоз. Имаше промоција на мед и други пчелни производи, рачна изработка на предмети од дрво, облека, храна и многу промотивен материјал.
Овој сенароден собир кој се одржа на просторот на Мотел „Осоговски бисер“ не можеше да помине без културно забавен дел и заеднички ручек.
Главни виновници за прекрасно организираната средба беа: ПСД „Осогово“ и ВК „Електрика“ од Кочани, како и ВК „Зелени патеки“, Здружение на пчелари „Пчела“, Здружение на земјоделци „Машински круг“ и Здружение за производство на здрава храна „Слоу фуд“ сите од Пробиштип.
www.komarec.com.mk
С. Ивановски

alt
alt
alt
alt
alt

 

Додади коментар


Кодот на сликата Освежи

© 2015 - Аберџија. Сите права се задржани.  Порталот е хостиран и спонзориран од Surfree. Креиран од Мартин Марковски.