Ако осаменоста, песимизмот и депресијата во третото доба ги замениме со едукација, оптимизам и другарување, сме го нашле патот за долговечност. Под ова мото педесеттина пензионери, членови на едукативно-волонтерската организација „Универзитет Трето доба“, го посетија Лесновскиот манастир и се одушевија од убавините на Кратово.
-Особен впечаток ни остави посетата на Кратово кое има значајни објекти кои е многу важно секој да ги види и емотивно да ги доживее – изјави претседателот на организацијата, м-р Томислав Димишковски.
Гостите беа посебно одушевени од приказната за шествековните борови во центарот на Кратово.
-Ако нашата земја и нашиот народ успеал да сочува со векови дрвја кои се лесно повредливи, значи ќе успее да се сочува себе, ќе успее да напредува, ќе успее да му се претстави на светот во една многу убава слика – истакна Верка Бунтеска, пензионерка од Скопје.
Иако се во третата доба од животот, пензионерите истакнаа дека речиси секој викенд ги откриваат убавините на Македонија, а неретко организираат екскурзии и во странство. Оливер Арсовски