gogo

A+ R A-


Полека светот дознава за нас

Фотографии од Кратово на мегапопуларен сајт

пишува - Оливер Арсовски

Фотографии од Кратово и околината можат да се погледаат на мегапопуларниот сајт http://www.macedonialovesyou.com/katalog_viewer/katalog_normalscreen.html#/24 создаден од полскиот авантурист Станислав Пигон, човек кој „од прва“ се вљуби во убавините на Македонија. Еден од најзаслужните за промоцијата на Кратово на овој сајт е кратовскиот водич Стевче Доневски, голем пријател на Пигон. Целта на проектот „Сакајте ја Македонија“, е да ја промовира Македонија онаква каква што е, преубава, полна со живот и топлина од Македонско сонце, носејќи ја пораката до светот за вистината за Македонија како автентична и зачудувачки убава земја. Овој проект опфаќа две етапи од кои првата етапа на проектот е цедето „Сакајте ја Македонија“.Во втората етапа е печатена форма, која во суштина е специјален водич „Македонија од се срце“ (Macedonia from the Heart) кој е направен од доживувања на посетителите, на оние кои ја доживеале Македонија што го прави овој водич посебен и различен од другите, а секако изобилува со податоци низ зборови и факти како и фотографии.

- Тимот на проектот „Сакајте ја Македонија“ ги поканува сите да ги споделат своите бесценети слики, приказни и впечатоци за оваа земја. Се надеваме дека ќе наидеме на сесрден одѕив од Македонците и странците кои ја посетиле. Еден ден се надеваме дека сето ова ќе резултура со издавање книга, која ќе биде посебен вид на водич за патување. Се надеваме дека ќе ги опишеме оние мали нешта околу нас, она коешто бабите во Македонија им го кажуваат на своите внуци. Ова е онаа Македонија која е во моето срце, пишува Станислав Пигон во предговорот на водичот „Македонија од се срце“.

Македонското богатство и библиска моќ го освојуваат светот, а нашите пријатели по светот знаат дека Македонија е бесценетиот бисер на Балканот...

Додади коментар


Кодот на сликата Освежи

© 2015 - Аберџија. Сите права се задржани.  Порталот е хостиран и спонзориран од Surfree. Креиран од Мартин Марковски.